Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЦРТАЊЕ ГРАФИТИ - секоја недела во 12 часот

Go down

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЦРТАЊЕ ГРАФИТИ - секоја недела во 12 часот Empty РАБОТИЛНИЦА ЗА ЦРТАЊЕ ГРАФИТИ - секоја недела во 12 часот

Пишување  СТЕВЧЕ Саб Мај 31, 2008 12:51 am

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЦРТАЊЕ ГРАФИТИ - секоја недела во 12 часот Images10

Цел на проектот

Развивање на уметничките таленти кај младите и поттикнување на критичко размислување кое ќе го изразат на креативен начин преку цртање на графити.


Покрај многуте досега спроведени креативни работилници во Младинскиот Клуб Влае, во кои земаа учество мноштво млади луѓе кои поседуваат уметнички таленти и кои имаат потреба да се изразат себеси преку цртање, се дојде до заклучок дека една ваква работилница за цртање на графити ќе биде одлична можност тие истите да го сторат тоа со помош на фасилитаторите на групата кои самите поседуваат талент за цртање графити и имаат солидни познавања во таа област.

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЦРТАЊЕ ГРАФИТИ - секоја недела во 12 часот Blog-g10

Оваа работилница е предвидена да трае 3 месеци со тоа што во тој временски период ќе се работи не само на развивање на нивните цтрачки таленти и уметнички вештини туку ќе се опфатат и повеќе теми како што се: комуникациски вештини, тимска работа, критичко размислување и негово креативно изразување, промовирање на младинска работа во заедницата преку методите на неформално образование и поттикнување на младинската активност во истата.
Групата на млади која ќе учествува на оваа работилница ќе помине низ неколку фази преку кои најпрво ќе се оформи како цврста група и тим, потоа ќе биде запознаена со неколку практични информации од страна на еден од фасилитаторите кој има големо искуство во областа на креирање и проектирање на графити, натаму, младите ќе започнат со развивање на свои идеи за цртање на графити, каде ќе имаат доста време да ги усовршуваат и да вежбаат во креирањето на истите со голема помош од страна на фасилитаторите, за на крај истите идејни решенија ги стават на платно, ѕид, гипс картон или некоја слична подлога.

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЦРТАЊЕ ГРАФИТИ - секоја недела во 12 часот Graffi11

На крајот од работилницата, како и во текот на истата, доколку се појават можности за презентација, сите нацртани графити и продукти ќе бидат и јавно прикажани на разни јавни настапи, места предвидени за изложување на уметнички дела и секако на разни други настани, саеми, младински акции и слично.


РАБОТИЛНИЦА ЗА ЦРТАЊЕ ГРАФИТИ - секоја недела во 12 часот Graffi10
СТЕВЧЕ
СТЕВЧЕ
Admin

Број на мислења : 112
Join date : 2008-01-23
Местолокација : Скопје

https://mladinskiklubvlae.forumakers.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот