ТРЕНИНГ КУРС ЗА МЛАДИНСКА РАБОТА И ВОЛОНТЕРСТВО - инфо
Страна 1 of 1
ТРЕНИНГ КУРС ЗА МЛАДИНСКА РАБОТА И ВОЛОНТЕРСТВО - инфо
Младинскиот Клуб Влае при ТРИАГОЛНИК - Центар за неформално образование, ви нуди одлична можност и шанса да ги зајакнете вашите лични и професионални капацитети и да станете поуспешен младински работник кој со своите идеи и амбиции ќе прави позитивни промени во заедницата со што би се подобриле можностите за младите да се активираат во општеството.
За што всушност станува збор???
Тренинг курс за Младинска Работа и Волонтерство кој ќе се базира на методите на неформалното образование и ќе опфати повеќе клучни теми кои на вас како успешен лидер во младинската работа ќе ви бидат приоритети на кои ќе морате константно да работите.
Тренинг Курсот ќе ги опфати следните теми:
- Вовед во младинската работа и волонтерството -
- Ефективна комуникација -
- Градење на тим и доверба во тимот -
- Групна работа -
- Индивидуална работа -
- Менаџирање со конфликти -
- Волонтерство -
- Човекови права - со посебен акцент на детските права -
- Прва помош и заштита -
- Раководење со проект (пишување на проект, планирање стратегија, практична работа со пополнување на конкретна апликација од Триаголник) -
- Ефективна комуникација -
- Градење на тим и доверба во тимот -
- Групна работа -
- Индивидуална работа -
- Менаџирање со конфликти -
- Волонтерство -
- Човекови права - со посебен акцент на детските права -
- Прва помош и заштита -
- Раководење со проект (пишување на проект, планирање стратегија, практична работа со пополнување на конкретна апликација од Триаголник) -
После овој тренинг курс учесниците ќе имаат шанса да партиципираат во практичната работа која ќе се состои од директна работа со група на млади, фацилитирање, спроведување на работилници и тренинзи со младинските работници и со поискусни волонтери. На тој начин ќе го применат во пракса здобиеното знаење и при тој процес ќе учат од своите грешки бидејќи низ целиот тој процес ќе бидат следени од тренерите и од вработените младински работници во Триаголник кои ќе им даваат поддршка и соодветна помош. Па резултатот од сето тоа би бил зајакнување на капацитетите на учесниците во однос на работата со групи на млади луѓе.
На крајот секој од учесниците ќе добие СЕРТИФИКАТ за завршен тренинг курс за младинска работа и волонтерство, а потоа би се одело на директна имплементација на проектите кои се развиле од страна на учесниците во текот на курсот, со што ќе може секој од учесниците кој би сакал да продолжи со работата во Триаголник да потпише договор за волонтирање и да работи на проектите со соодветен проектен тим.
Кога започнува ???
Тренинг Курсот започнува на 14 Ноември 2008 година - Петок, од 16 до 19 часот, во просториите на Младинскиот Клуб Влае, а ќе се спроведува 2 месеци.
Кој ќе го води тренинг курсот ???
Тренинг курсот ќе го испорачаат тренерите:
Елена Виларова
Стевица Левајковски
За секои дополнителни прашања можете слободно да се обратите во канцеларијата на Триаголник - Центар за неформално образование
на телефонот: 02/ 2050 - 314
Контакт лице: Елена Виларова
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот