Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

МЛАДИНСКА РАБОТА И МЛАДИНСКИ КЛУБОВИ

Go down

МЛАДИНСКА РАБОТА И МЛАДИНСКИ КЛУБОВИ Empty МЛАДИНСКА РАБОТА И МЛАДИНСКИ КЛУБОВИ

Пишување  СТЕВЧЕ Нед Фед 03, 2008 4:10 pm

МЛАДИНСКА РАБОТА И МЛАДИНСКИ КЛУБОВИ Triago13


Една од нашите најголеми заложби и стратешки определби е зајакнувањето на волонтерите и со тоа зајакнувањето на активизмот и придонесот на младите кон нивните заедници. За да ја оствариме оваа цел, во Јануари 2007 година, беа креирани тимови на млади ентузијасти кои имаа желба и идеја да работат во Младинските Клубови на ТРИАГОЛНИК, во периодот кога покрај постојните два клуба во општините Карпош и Тетово течеше процес на отварање на нови клубови уште во три општини. Овие тимови беа составени од сегашни и завршени студенти на Курсот "Лидерство и развој на младинската работа" Ниво А, Б и Б+, како и волонтери кои не го посетувале курсот, но успешно го комплетирале тренингот за волонтери кој го спроведува ТРИАГОЛНИК.

Со финализирање на подготовките кои течеа во 2006 година, во Јануари 2007 беше конституиран КЛУБОТ НА ВОЛОНТЕРИ. Од членовите на клубот беа избрани координатори за Скопје и Тетово и беа формирани неколку комисии со цел да се олесни неговото функционирање. Младинските работници кои се вработени во ТРИАГОЛНИК беа ангажирани како поддршка на Клубот на Волонтери, но сите одлуки во согласност со Стратешките планови на ТРИАГОЛНИК , беа самостојно носени од членвите на Клубот на Волонтери.

Тоа што ТРИАГОЛНИК го оствари во оваа година е отварањето на уште три нови Младински Клубови покрај постоечките во Тетово и Влае (Скопје) и тоа во Сиричино, Теарце (Тетово) и Радишани (Скопје). Со ова активностите на ТРИАГОЛНИК во областа на Младинската Работа и географски се проширија во уште три нови заедници. Сето ова ни беше овозможено со огромна поддршка од страна на локалните самоуправи, кои ја препознаа вредноста на нашиот модел на младинска работа и користа од истата за заедниците во кои се имплементира.

Во продолжение на процесот на зајакнување на нашите волонтери и нивниот ангажман во ТРИАГОЛНИК, во јуни 2007 беше иницирано креаирањето на координативните волонтерски тела на петте постоечки младински клубови. Во рамките на овој процес, во кој водечка улога имаа самите волонтери, започнавме со организација на програмски активности во Младинските Клубови раководени и имплементирани од овие координативни тела. Формирањето на координативните тела при младинските Клубови во Влае, Радишани, Тетово, Теарце и Сиричино се појави како потреба бидејќи сакавме да обезбедиме простор каде што нашите завршени студенти и волонтери ќе можат да го имплементираат и практикуваат знаењето стекнато преку нашата работа, со што ги зајакнуваат сопствените капацитети, додека истовремено придонесуваат за личниот развој на другите млади луѓе.
Истовремено, ваквиот начин на функционирање на младинската работа дефинитивно овозможува оддржливост на истата како и им дава можност на младите директно да бидат вклучени во донесувањето на одлуки во нивните заедници. Токму затоа и при формирањето на овие координативни тела водевме сметка првенствено да вклучиме млади кои живеат во заедниците каде овие активности се одвиваат.

Во втората половина на 2007, согласно стратегијата за осамостојување на клубовите, координативните тела изработија сопствени стратешки и оперативни планови со кои го определија не само видот и обемот на активности кои ќе се имплементираат туку и следните чекори во процесот на нивно осамостојување и независност од ТРИАГОЛНИК како матична организација. Сите активности беа креирани во соработка со постарите младински работници и извршната канцеларија на ТРИАГОЛНИК. Поврзувањето на младиснките работници и младинките работници-волонтери беше направено во насока на обезбедување на квалитетот на испорачаната младинска работа. Истотака преземањето на координацијата на активностите во Младинските Клубови од страна на волонтерите е добра можност постарите младински работници да се ангажираат повеќе на работа со ранливи групи и во исто време да креираат и испорачуваат тренинзи. Сепак постарите младински работници ја задржуваат својата координативна и менторска улога во однос на волонтерите со што ТРИАГОЛНИК како организација ја осигурува постојаноста и квалитетот на младинската работа.
СТЕВЧЕ
СТЕВЧЕ
Admin

Број на мислења : 112
Join date : 2008-01-23
Местолокација : Скопје

https://mladinskiklubvlae.forumakers.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот